Вакцинацијата против Ковид-19 во ЕУ ќе почне на 27 декември

by fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска потврди дека вакцинацијата против коронавирусот во Европската унија ќе почне на 27 декември.

– Вакцинацијата низ Европската унија ќе почне на 27, 28 и 29 декември. Ова е моментот на Европа. Заедно ги штитиме нашите граѓани. Заедно сме посилни, напиша Фон дер Лајен на Твитер.

Повеќе европски земји, вклучително и Германија, Франција и Италија, претходно соопштија дека ќе го координираат почетокот на нивните кампањи за вакцинација против коронавирусот.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан денеска изјави дека сите земји-членки на ЕУ планираат да почнат вакцинација против коронавирусот на 27 декември.

Поврзани новости