Вакцината „Спутник В“ од јуни ќе се произведува во Италија

by Fokus

Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ) ќе воспостави соработка со швајцарската компанија „Адиен Фарма и Биотек“ за производство на вакцината „Спутник В“ во Италија, изјави денеска извршниот директор на РДИФ, Кирил Дмитриев.

-Деновиве имаме разговори со италијанската Влада. Постојат многу италијански региони што изразија ентузијазам за „Спутник В“ и сакаат да ја произведат вакцината, изјави Димтриев за „Раи 3“, пренесен од Тасс.

Производството на вакцината ќе помогне да се отворат нови бизниси и Италија да дојде до можност да го контролира производот.

Производството на „Спутник В“ најрано може да почне во јуни, а РДИФ ќе соопшти во кои уште десет земји, освен Русија, ќе се произведува „Спутник В“. Меѓу земјите со кои рускиот фонд разговара за соработка се и Германија и Франција, додава Тасс.

Поврзани новости