Вакцината “Синовак” се препорачува за доилки, а во одредени случаи и за трудници

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека утре ќе пристигнат половина милион вакцини од Кина.

-Утре пристигаат 500.000 дози вакцини од производителот „Синовак“. Оваа вакцина е одобрена од СЗО, ефикасна и целосно безбедна за користење, напиша Филипче.

Тој ги сподели и официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО:

-Инкативиран САРС-Ков2 вирус
-Потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза
-Високо ефикасна за превенција на тешка болест
-Се дава мускулно во рамо
-Препорачана за употреба кај бремени жени кога придобивките од вакцинацијата за бремената жена се поголеми од потенцијалните ризици.
-Препорачана за употреба кај доилки како и кај други возрасни лица.

Поврзани новости