Вакцината Астра Зенека нема да се дава на жени во Бугарија под 60-годишна возраст

by fokus 17:53
17:53

Вакцината Астра Зенека нема да се аплицира во Бугарија на жени под 60-годишна возраст со зголемен ризик од тромбоза. Сите луѓе кои ја примаат првата доза на оваа вакцина и кои немале никакви несакани ефекти, можат да се вакцинираат со иста вакцина. Ова го изјави министерот за здравство Костадин Ангелов.

– Мораме да ја завршиме имунизацијата на некој начин. Клиничките испитувања се во тек, рече бугарскиот министер за здравство.

- Advertisements -

Тие кои не сакаат да ја примат втората доза на вакцина Астра Зенека може да добијат Фајзер, 84 денови по првата вакцина.

На луѓето кои ќе останат само со една доза нема да им се издаде потврда дека биле вакцинирани, соопштија здравствените власти.

Поврзани новости