Ваков загаден воздух се случува еднаш во 1000 години!

by lali 12:46
12:46
Во очекување сум на текст во Курир и останатите владини порталчиња: Ваков загаден воздух се случува еднаш во 1000 години! А исто така чекам и од поддржувачите на Власта да излезат сред Скопје, да почнат да дишат длабоко за потоа не уверуваат нас повеќето – „Еве, воздухот не е загаден. Супер се дише!“ Нешто слично ко оној кога пиеше вода од Дојранското езеро. Можеби ќе не убедат дека од загадениот воздух ги штити партијата што ја поддржуваат. Не знам, можеби па и така ги уверуваат на партиските состаноци, скокајќи врз гас маските и викајќи во еден зарипнат глас „ВОЗДУХ НИШТО НЕ НИ МОЖЕ, НИКОЛААА, НИКОЛААА“.
 
Затоа тука ќе го употребам и главниот релативизаторски слоган „СИТЕ СЕ ИСТИ“ ама пред загадениот и канцероген воздух! Е сега, не се сите исти во борбата против загадениот воздух затоа што Коце имаше шанса да се бори со загаденоста и да најде начин како да ја намали. Алармантно беше лани, а од тогаш до сега ништо не е променето ниту подобрено. Лани ветуваат мерки коишто откако „помина“ загадувањето, тие мерки останаа на зборови и можеби хартија. Се продолжи по старо. Денес ние повторно се гушиме, а Скопје продолжува да умира тивко и полека.
 
Но, додека Скопје умира, да погледнеме на позитивната страна. Еве ДПМНЕ во програмата од 500 страници вети дека ќе изгради нови скијачки центри без разлика што ски центарот на Кожуф денес оди под стечај и покрај инвестицијата од 20 милиони евра. Центарот за скијање никогаш не го достигна ниво на очекувана посетеност пред се поради задоцнетата изградба на патот од гевгелиска страна, а изградбата на пат до ски центарот од страната на Кавадарци и Демир Капија никогаш не се случи. Но, ДПМНЕ вети и пат. Не еден, туку многу патишта. 480 милиони евра за патишта! За ова ветување ќе го цитирам семожниот, реалниот, најголемиот и секогаш посветен Никола Груевски – „Да не е многу бе, а? Да не се претера?!“

Него, кога веќе сум кај програмата на ДПМНЕ, да дополнам уште нешто кај ветувањата за минималната плата. Во септември 2015 година пратеничката група на СДСМ и опозицијата до Собранието поднесе предлог за измени на закон со коишто минимална плата би се зголемила на 11.000 денари. Тогаш овој предлог ДПМНЕ го оцени за невозможна мисија и крајно популистички потег. Година и пар месеци подоцна од одбивањето на овој предлог закон за зголемување на минимална плата, СДСМ истиот го стави во својата предизборна програма. Ако тогаш тоа било невозможно и популистички за Власта, денес Никола Груевски и ДПМНЕ во својата програма ветуваат дека минималната плата ќе се зголеми на 14.000 денари и тоа го оценуваат како #Реално и возможно.

А бе сето ова коа ќе ти се собере на куп, ти доаѓа да излезеш надвор и да се изнадишеш од среќа и радост!

- Advertisements -

Поврзани новости