Вајгал демантира дека рекол нешто за Груевски

by fokus 18:16
18:16

Известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, денеска во изјава за МИА демантира дека тој за некој медиум изјавил нешто во врска со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Медиумите претходно пренесоа дека Груевски му рекол на Вајгл дека ќе оди до крај, бидејќи не сака да оди во затвор.

– Јас како човек никогаш не персонифицирам одговорност и не се плеткам во македонската политика со прозивки на некои имиња и луѓе. Јас не знам да ја редуцирам вината на некое одредено име. Јас не зборував за тоа. Јас зборував за тоа што и претходно го кажав за Нова ТВ, а се разбира тоа е дека Македонија мора да ја доживее својата катарза на сопствената политика и патот за натаму е и преку тоа што го прави Специјалното обвинителство. Доколку се утврди низ правосудството, дека постои некаква индивидуална одговорност на било кого, тогаш тој се разбира дека ќе мора во правната држава за тоа да сноси консеквенци, рекол Вајгл во телефонска изјава за МИА.

 

Поврзани новости