В недела целодневен собир за зачувување на паркот во Тафталиџе

by fokus

Откако денеска по петти пат го одбранија паркот во Тафталиџе, жителите за в недела најавија целодневен собир во паркчето на улицата Букурешка.

Во најавата на иницијативата „Зелено Тафталиџе“ се вели дека организирано е целодневно дружење на граѓаните со цел да се даде до знаење дека паркот нема да падне.

-Оваа недела (21.08.16) со почеток во 12 часот во паркчето на ул. Букурешка, организираме целодневно дружење на граѓаните со цел да му се даде до знаење на УЗУРПАТОРОТ на овој простор, дека ПАРКОТ НЕМА ДА ПАДНЕ!  Зачестеното присуство на багерите и градежните работници се јасен индикатор за намерата која ја имаат за овој простор, затоа наша должност е да ја сочуваме оваа прекрасна зелена површина – стои во повикот за собир.

Поврзани новости