В.Д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски бил физички нападнат и завршил во болница

by Fokus

В.д. претседателот на ССМ, Дарко Димовски синоќа бил физички нападнат од група луѓе предводени од разрешениот претседател Живко Митревски и по нападот бил задржан на Трауматологија, информираа четирите синдикати, кои ноќеска останаа таму, за да спречат да бидат иселени, пренесува Дојче Веле.

„Група рекетари предводена од разрешениот претседател на ССМ, Живко Митревски, утрово околу 4 и 30 часот насилно влезе во зградата на ССМ, притоа буткајќи ја и полицијата“, велат претставници на четирите синдикати кои ноќеска останаа во студениот хол на синдикалната зграда, со цел да спречат разрешениот претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Митревски, да ги исели од таму.

 

Поврзани новости