„Утрински весник“ се затвора, во сабота излегува последниот број

by fokus

По речиси две децении работа, во сабота својот последен број ќе го издаде весникот „Утрински весник“.

Љубиша Станковиќ, претседателот на синдикатот на весникот, на својот фејсбук ја објави веста за згаснување на „Утрински“.

„После цели 18 години, благодарение на лошото менаџирање на Срѓан Керим, во сабота, ќе згасне УТРИНСКИ ВЕСНИК”. Треба да се запамети името на оној кој ќе го погребе весникот!“, напиша Станковиќ на Фејсбук.

Тој е еден од весниците кој го издава МПМ, чии новинари штрајкуваа поради неисплатени плати. Тие бараа средба со сопственикот Срѓан Керим, но неговата врата остана затворена за новинарите.

Во меѓувреме, отворена беше нова фирма, со слично име, Медиа Принт ДООЕЛ, кој објави неколку огласи за вработувања на новинари и уредници.

 

Поврзани новости