Утринава сончево, попладне краткотраен дожд

by fokus

Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Дневна температура ќе изнесува од 23 до 30 степени. Според Управата за хидрометеоролошки работи, попладне се очекува локален краткотраен дожд и грмежи, особено на исток и североисток. УВ-индексот ќе биде 6.

И во Скопје се очекува сончево време со температура до 29 степени.

Слично време проследено со сонце и температури до 30 степени се очекува и в недела.

Поврзани новости