Утринава се случила сообраќајка со службено возило на Министерството за одбрана

by fokus

Трагите од кочењето се се уште видливи на автопатот Скопје-Велес по сообраќајната несреќа која се случила рано утринава околу 10 часот. Според информации на Телевизија 24 станува збор за Оливер Стојановски, поранешниот прв човек на синдикатот во одбрана и заштита.

Лицето кое управувало со возилото било пренесено во клиничкиот центар во Скопје, а автомобилот со кој управувал не можевме да го видиме заради непристапноста на теренот. Кога пристигнавме екипите на МВР вршеа увид и кажаа дека извлекувањето на автомобилот ќе се одвива тешко.

Од Клинички велат дека Стојановски во моментов е на интензивно лекување во стабилна состојба.

Според извори на ТВ24 Стојановски управувал со службено возило на Министерството за одбрана.

Поврзани новости