Утре во Солун ќе се состане Комисијата за трговските ознаки и трговските имиња

by fokus

Комисијата за трговските ознаки и трговските имиња утре ќе одржи прв состанок во Солун, откри алтернативната министерка за надворешни работи на Грција, Сиа Анагностопулу за време на расправата во грчкиот Парламент за ратификација на законите што произлегуваат од потпишаните договори во Скопје во март и април годинава за отворање на нови гранични премини, јави дописничката на МИА од Атина.

-Утре заседава за прв пат, комисијата што е одредена под покровителство на Министерството за надворешни работи за темите за трговските ознаки, трговските имиња и слично. Утре заседава, за прв пат во Солун и таму од бизнисмените од двете страни се поставуваат темите кои останаа нерешени се додека не се потпиша Договорот од Преспа, рече Анагностопулу, одговарајќи на прашањето на пратениците од Нова демократија поставено вчера за време на Комисијата за национална безбедност и надворешна политика.

Во однос на ратификацијата на двата договори, кои беа темата на денешната пленарна седница, Анагностопулу рече дека се гледа практичната придобивка од Договорот од Преспа и истакна дека отворањето на граничните премини било барање на локалното население.

-Не дојдоа од небо овој закон и овие договори, напротив имав голем притисок од локалното население да дојде законот пред Велигден и иако им го ветев тоа и им се извинувам, не успеавме порано бидејќи беше потребно време за законодавната постапка. Тоа беше итно барање од локалното население, објасни  алтернативната министерка за надворешни работи на Грција и додаде дека и за граничниот премин кај Преспа, локалното население уште од 1967 година кога и се затвори, барало повторно отворање.

Поврзани новости