Утре во 12 часот во Скопје ќе се одржи Марш на толеранцијата

by Fokus

Утре во 12 часот, во Скопје ќе се одржи осмиот Марш на толеранција организиран од Хелсиншкиот комитет за човекови права по повод Меѓународниот ден на толеранцијата (16 ноември).

Годинешниот Марш на толеранција е посветен на борбата против говорот на омраза и почитувањето и толеранцијата на различностите. Маршот е поддржан од организациите членки на Платформата против говор на омраза.

По завршувањето на Маршот, во кафулето „Менада“ ќе биде промовирана видео-кампања против говорот на омраза.

Поврзани новости