Утре целосен сообраќаен колапс во Германија, се ќе биде блокирано

by Fokus

Синдикатот на вработените во јавниот сектор Верди и железничкиот синдикат за утре најавија еднодневен генерален штрајк на транспортниот сектор во Германија, кој целосно ќе го парализира железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај. Во штрајкот е вклучен и воден транспорт во Германија и управата на автопатот.

Според податоците на Асоцијацијата на аеродроми, од штрајкот би можеле да бидат погодени 380.000 патници, а сообраќајот се очекува да биде во прекин до средината на неделата.

Претставник на Дојче Бан (ДБ) ги повика патниците да ги одложат патувањата доколку е можно или да ги преместат на денот пред или по штрајкот. Според податоците на ДБ, продажбата на билети за недела е нагло зголемена, па се очекува густ сообраќај и ден пред штрајкот.

Со оглед на тоа што во штрајкот учествуваат и германските вработени во автопатот, се стравува од големи доцнења во понеделник поради преоптоварување, како и затворање на тунелот, кој нема да се следи поради штрајкот.

Синдикатите бараат повисоки плати, особено изедначување на негативниот ефект на инфлацијата врз реалните плати. Синдикатот Верди бара зголемување од 10,5 отсто за 2,5 милиони вработени.

Поврзани новости