Утре седница на Советот за безбедност и одлука за вонредната состојба

by Frosina Fakova

Утре со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи седница на Советот за безбедност, соопштуваат од Кабинетот на претседателот.

На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски, ќе присуствуваат и заменикот на Претседателот на Владата, задолжен за европски прашања и Национален координатор за странска помош, Бујар Османи и министерот за здравство, Венко Филипче.

Пендаровски вчера изјави дека најверојатно ќе се прогласат нови 30 дена вонредна состојба, но сепак одлуката треба да биде донесена утре. Претходно од Владата соопштија дека на седница одлучиле да му достават предлог на Претседателот во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба во државата.

На 18 март беше прогласена вонредна состојба на територија на цела држава во траење од 30 дена.

Поврзани новости