Утре се прегласува во Чаир, може ли да се смени крајниот резултат

by Fokus

Утре се прегласува  на избирачко место 2901 во општина Чаир. Тоа е единственото место на кое се прегласува по вториот круг од локалните избори.

Во вториот круг, разликата во Чаир меѓу Висар Ганиу од ДУИ и Зекирија Ибраими од Беса беше 209 гласа, а на избирачкото место 2901 вкупно се запишани 719 избирачи. На ова избирачко место, Ибраими го победи Ганиу со 66 гласа.

Управниот суд ги одби останатите 15 тужби, што политичките партии ги поднесоа по вториот круг од локалните избори одржани на 29 октомври.

Најмногу тужби против одлуките на Државната изборна комисија до Судот поднесе „Алијанса за Албанците“ – вкупно 11, четири поднесе Беса, а една тужба поднесе Народното движење за Македонија.

Поврзани новости