Утре се доделуваат новинарските награди „Никола Младенов 2020“

by Fokus

Македонскиот институт за медиуми, утре (вторник, 25 мај 2021) ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2020“, во хотелот „Александар Палас“ (летната тераса) од 12 часот.

Ќе бидат доделени  три награди во следните категории: Нajдобра истражувачка сторија; Најиновативен новинарски производ; и Најдобра репортерска фотографија.

Наградите се доделуваат традиционално по дваесетти пат, како дел од заложбите на МИМ за унапредување на професионалното новинарство и на демократските вредности во земјава.

Во текот на настанот задолжително е почитување на мерките за заштита од ковид-19.

На конкурсот можеa да се пријават сите новинари и фоторепортери, кои професионално работат во медиумите или соработуваат како фриленсери со нив, a пријавените материјали  да бидат објавени во текот на 2020 година во весник, на радио, на телевизија, на информативни интернет-портали или од новински агенции што се регистрирани и работат во нашата земја.

Еден автор или група автори можеa да аплицираат со најмногу 3 различни теми во првите две категории, а секоја тема може да вклучува повеќе поврзани текстови/прилози. Секој фоторепортер може да учествува со најмногу 3 фотографии, кои биле објавени во весник, на интернет-портал или новинска агенција.

Како и досега, пријавените материјали ќе ги разгледува комисија од релевантни претставници на медиумската и на јавната сфера.

Поврзани новости