Утре продолжува судењето членовите на Левица, Здравко Савески и Владимир Куновски, кои скоро месец и половина се во домашен притвор.
Шарената револуција во знак на солидарност утре пред Основниот суд 1 ќе организира протест за ослободување на нивните соборци.
„45 дена нашите соборци Здравко и Владимир се неправедно во куќен притвор. 45 дена неправдата кон нив е неправда кон целото протестно движење. 45 дена правосудните органи се под жесток притисок од авторитарниот и корумпиран режим да носат одлуки на штета на демонстрантите,“ се вели на страницата на „Фејсбук“ на „Шарената револуција“.
Савески и Куновски се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов. Нивното ослободување е едно од двете клучни барања на Шарената револуција за кои постави рок до 18-ти јуни.