Утре продолжуваат преговорите за медиумите

by Фокус 22:32
22:32

Откако денеска беше усвоена методологијата за прочистување на Избирачкиот список, од утре работните групи за спроведување на Договорот од Пржино ќе продолжат да преговараат за регулацијата на медиумите.

Работните групи под посредство на белгискиот експерт Питер Ванхојте во наредните денови ќе се обидат да дојдат до решение за ова прашање кое е еден од предусловите за одржување на фер и демократски избори.

- Advertisements -

Претходно денеска ЗНМ и Самостојниот синдикат на новинари го искажаа својот став дека според нив треба да се прифати предлогот за медиумите на Ванхојте, додека МАН сметаат дека не треба да се менува постоечкиот Закон за медиуми.

Поврзани новости