Утре продолжува судењето за „Маѓар телеком“ откако СЈО го презема предметот

by fokus

Судењето за случајот „Маѓар Телеком“  продолжува утре, по прекин од 2011 година. Сега обинението го застапува Специјалното јавно обвинителство, односно обвинителката Лиле Стефанова.

Во овој предмет обвинети се тројца поранешни директори на „Телеком“: Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои повеќе од седум години се недостапни за органите на прогонот.

Има сомнежи и за вмешаност на македонски политичари и функционери, кои примале мито.

За овој предмет се води судска постапка во САД и веќе е во завршна фаза. Судењето во Македонија беше заглавено од 2011 година и е во фаза на доказна постапка.

Поврзани новости