Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

by Fokus

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека на 20.07.2021 (вторник), поради одржување на протестен марш  во oрганизација на Здруженија на граѓани – коалиција „Менуваме“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Притоа, протестот ќе започне во 18.00 часот пред Владата на РСМ, а потоа ќе  продолжи до Собрание на Република Македонија.

„Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот, односно од 14.30 часот до завршување на настанот затворена за сообраќај ќе биде ул.„11 Октомври“, а за време на движењето мерки за посебен режим на сообраќајот ќе се преземат и на бул.„Илинден“, десно по бул.„ВМРО“ и лево по ул.„Димитрие Чуповски“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот“, велат од МВР.

Поврзани новости