Утре нов протест: Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд

by Фокус

Граѓанското движење „Ајде“ утре во 12 часот повикува на нов протест пред Уставниот суд поради одлуката претседателот на државата да може да помилува осудени за изборни измами, но и осудени за силување и терористи. Протестот е под мотото „Да го одбраниме Уставот од Уставниот суд“.

-Ајде, во понеделник, уште еднаш јасно и громогласно да порачаме дека ние граѓаните на оваа држава нема да престанеме да протестираме се додека судиите кои ја донесоа одлуката за помилување на изборните измами и други тешки криминали не си поднесат оставка. Ние граѓаните имаме должност да го одбраниме Уставот од (Не)Уставиниот суд! Ние граѓаните имаме обврска да ја одбраниме државата од криминалците во власта, стои во повикот за протестот.

Поврзани новости