Утре ќе се врши проверка на АКМИС системот во Врховниот суд

by fokus

Во текот на утрешниот ден комисијата од Министерството за правда ќе изврши проверка на АКМИС системот во Врховниот суд, односно ќе провери дали предметите автоматски и законски биле распределувани кај судиите.

Дека контролата била закажана за утре, за „Фокус“, потврди претсдеталот на Врховниот суд Јово Вангеловски.

Претходно проверка на АКМИС системот беше направена во Кривичниот и Апелациониот суд. Според судијата Лазар Нанев, кој е претседател на комисијата, Апелација постапувала согласно законите.

– Би можело да се рече дека постапувањето е законско, изјави Нанев пред одржувањето на денешната дебата за зајакнување на улогата и независноста на судиите во Македонија.

Нанев најави дека по проверката и во Врховниот суд ќе излезат со извештај за утврдената состојба во судовите.

Проверката на АКМИС во трите суда следува откако во извештајот на Рајнхард Прибе беше нотирано дека постојат индиции за злоупотреба на овој систем, кој ги автоматизира и следи предметите од иницијалното отворање на предметот до негова распределба кај судија.

Валентина Вурмо

Поврзани новости