Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека во текот на утрешната дискусија со Комисијата за заразни болести ќе се знае како ќе тече понатамошното олабавување на мерките.
„На утрешниот состанок ќе кажеме што сме одлучиле и за престојниот викенд, како и со која динамика ќе се движи понатамошното олабавување на мерките. Веќе кажавме дека од наредниот период ќе почнат со работа и угостителските објекти, но се тоа ќе го дефинираме утре и после ќе се разгледува на влада – додаде Филипче.