Утре ќе биде познато дали Панчевски ќе биде осуден за мобинг

by fokus

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, утре во Основниот суд Скопје 2 ќе слушне дали е осуден за мобинг, бидејќи во 9.30 часот е закажана објава на пресудата.

Тужбата за мобинг против Панчевска ја поднесе Горан Стаменковски, поранешен раководител на секторот за човечки ресурси во Кривичниот суд.

Во тужбата стои дека Панчевски во подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции, го казнувал, а тужителот морал и да исполни норма која не постои во праксата на Судот.

Освен тужбата, Стаменковски поднел и две кривични пријави против поранешниот шеф за малтретирање во служба, а втората за повреда на рамноправност.

Поврзани новости