Утре ќе бидат ставени потписи на договорот за името

by Fokus

Договорот за името ќе се потпише утре, а настанот ќе биде поделен на два дела, и тоа еден дел на македонска, а дел на грчка територија. Сепак познато е дека договорот ќе биде потпишан во Грција, а потоа ќе следува средба на македонска страна, информираат од Владата.

Точната локација и време на потпишување ќе биде позната денеска по 18 часот.

Договорот ќе го потпишат министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров и министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас. Премиерите на двете земји, Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе присустуваат на настанот.

На потпишувањето на договорот, според најавеното ќе присуствуваат високата претставничка за заедничка надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, но нивното присуство официјално се уште не е потврдено, иако Могерини самата изјави дека би сакала да присуствува на церемонијата.

Поврзани новости