Погребот на членовите на бендот ДНК, кои починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ќе биде утре.
Пејачот на бендот Андреј Ѓорѓиески, ќе биде погребан утре во 10 часот на градските гробишта Бутел, соопшти неговото семејство.
Членката на бендот и професорка на Факултетот за музичка уметност (ФМУ), Сара Пројковска ќе биде погребана на гробиштата во Лисиче во 12 часот. – Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Петар и Павле“ во Лисиче – објавија од ФМУ.
Погребот на младиот музичар од Струмица, тапанар на бендот, Ѓорѓи Горѓиев ќе биде на градските гробишта во Струмица, објавија од Основното музичко училиште „Боро Џони“ каде Ѓоргиев беше вработен. Претходно, посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот, а утре во 10 часот вработените во музичкото училиште ќе одржат комеморативна седница.
Во црквата во штипско Ново Село, телата на Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои беа дел од бендот на ДНК, ќе бидат изложени од 9 до 11 часот, а во истото време телото на Александар Ефремов, кој исто така беше дел од бендот, ќе биде изложено во црквата „Света Троица“ во Штип.