Утре голем концерт на „Меморија“: Ќе го разбудиме „Зијан“ од зимски сон!

by fokus

Легендарната група „Меморија“, по 35 години постоење и 25 години од нивниот последен концерт, утре вечер во полн состав повторно ќе се собере и ветува незаборавен концерт за обожавателите.

Настанот ќе се случува во Метрополис Арена, Скопје, со почеток од 20 часот.
Од „Меморија“ информираат дека концертот ќе биде проследен со специјални аудио и визуелни ефекти, а веќе ги најавија и гостите.

Групата „Зијан“, која се појави на сцената во осумдесеттите години на минатиот век и се вброи во македонските рок легенди со хитот „Пушти коси“, Пере од групата „Нокаут“ и Мики Јовановски – Џафер се дел од пријателите на момците од „Меморија“ кои ќе ја потсетат публиката на своите безвременски песни.

„На наше и ваше задоволство ќе имаме и гости од македонската естрада, а воедно од длабок сон само за вас ќе ги разбудиме и групата „Зијан“ како и Пере од „Нокаут“, а за поискусната генерација со особено задоволство ќе го поканиме Мики Јовановски – Џафер да биде дел од нашиот концерт“ – велат од „Меморија“.

ВИП пакетите, резервација висока маса со 4 карти, може да се купат исклучиво на продажните места на Купи Карти за Се, по цена од 10.000 денари.

Во вип пакетите е вклучено 4 карти, шише Johnnie Walker Red Label 1L или Smirnoff Vodka Skyy 1L + 100 гр бадеми + 100 гр кикирики + 2 x CD Меморија – Антологија на балади + 2 x CD Меморија Greatest hits.

Вики Клинчарова

Поврзани новости