452
Поради дефект на приклучна цевка од Ф ¾ на улицата „Христо Смирненски“ бр.32, без водоснабдување од 08:00 часот ќе останат корисниците на дел од ул. „Христо Смирненски“ и дел од ул. „Борка Талевски“ до завршување на истиот, во општина Центар.
Прекинот во водоснабдувањето, како што соопштија од РЦУК, ќе биде до санирање на дефектот.