Утре без струја неколку скопски општини

by Fokus

Поаради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, во текот на утрешниот ден без електрична енергија ќе останат неколку улици низ општините Бутел, Студеничани, Кисела Вода, Сарај и Ѓорче Петров.

Во период  од 08:30 до 13 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. 1506 Визбегово, од 07:30 до 13 часот, корисниците од Алдинци, Мала Река, место викано Гумно, кај хотел/рибник Принц, потоа од 09 до 10 часот, корисниците од дел сервис АМ Церт – Аутомакедонија на бул. Борис Трајковски, ул. Ѓорѓи Сугаре градинка Весели Цветови, ул. Ѓорѓи Сугаре бр. 4, 6, 8, 10, од 08:30 до 12:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел с.Глумово, Шишево и Матка, од 09:45 до 13:30 часот, корисниците од дел од ул. Црногорска кон пруга, дел од ул. Радушка, дел од ул. Атанас Иљоски, дел од ул. Борис Сарафов, како и од 09 до 12 часот, корисниците од дел од с. Долно Количани, стои во соопштението од РЦУК.

Поврзани новости