Усвоена методологијата за следење на медиумите пред избори

by fokus

Агенцијата за медиуми ја усвои методологијата според која ќе се следат медиумите како известуваат во предизборието.

Промени од првичната верзија на методологијата има во одредбите за санкции, а и во однос на критериумот врз основ на кој ќе се мери балансираното известување.

Во првиот месец, АВМУ на секои десет дена ќе дава известување за работата на медиумите и ако во тие 10 дена се утврди дека некој медиум десет пати бил пристрасен кон власта, ќе следуваат казни. Понатаму овој рок се намалува на пет грешки.

Агенцијата за медиуми не го прифати барањето да се мониторира работата на интернет порталите, бидејќи за тоа да се исполни требало прво да се направат законски измени.

Во однос на балансираноста, се предвидува во медиумскиот простор за власта да влегува и времето што во вестите и во информативните емисии ќе се посветува на активностите на државните фунционери.

За разлика од првичното решение во времето на позицијата нема да се пресметуваат минутите посветени на претседателот на државата.

Поврзани новости