Уставните измени не треба да бидат партиски туку за доброто на државата , смета амбасадорката на САД

by Fokus

Американската амбасадорка Анџела Агелер смета дека македонскиот јазик и идентитет нема да бидат загрозени во процесот со уставните измени. Таа се надева дека опозициските партии во земјава не заземаат одредени позиции околу прашањето за уставните измени само за да противречат.

„Јас се надевам дека опозицијата не зазема одредени позиции само за да противречи, да биде против. Ова е нешто што според мене ја надминува политиката. Ова не треба да биде доведено во врска со партии. Ова треба да биде во врска со тоа што е добро за земјата. И би била моја најискрена желба, гласовите од другата страна, гласовите низ државата кои го доведуваат ова во прашање, да погледнат добро што е тоа што е во најдобар интерес за Северна Македонија, за оваа земја, за сите нејзини граѓани и да донесат такви одлуки и изјави за придвижување на земјата за да стане посилна, а не послаба“,изјави Агелер во вечерашното гостување на ТВ Сител.  

На прашањето како граѓаните на Северна Македонија да веруваат дека Софија нема да поставува нови и нови пречки кои не се поврзани со критериумите за членство во ЕУ, Агелер вели дека тоа е многу важно прашање и тоа е разговор што е клучен за граѓаните на оваа земја да го водат со своите лидери.

Агелер порача дека таа и Стеј департментот ќе направат се за да ја поддржат  евроатланска аспирација,  земјава  свесни дека не е само тешко да се придвижат уставните измени, туку и да се спроведат реформите кои се неопходни за тоа членство.

Поврзани новости