Уставниот суд се прогласи ненадлежен за крстот во Бутел

by fokus

Уставниот суд денеска се прогласи за ненадлежен и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување 55- метарски крст во општина Бутел.

Иницијативата ја поднесе  Движењето за реформи во ДПА кое го предводи Зијадин Села.

Од Судот појаснуваат дека ја отфрлиле иницијативата за Одлуката за поставување урбана опрема во општина Бутел, бидејќи не е општ пропис, туку е врзан за конкретен објект, предмет, односно работа. Проектот за поставување на крстот е на Светскиот македонски конгрес.

Инаку, 55-метарскиот крст предизвика бура од реакции во јавност. Во март годинава, група граѓани од населбата Бутел 1 протестираа за како што рекоа, опструкциите кои ги прават граѓаните – Албанци против симболот на христијанството.

Активистите на ДУИ пак, претходно го растурија камен темелникот и останаа да кампираат на местото, додека кордон полицијаци од специјалните единици, и оклопни возила ја обезбедуваа линијата за да не дојде до судир меѓу двата табора.

Поврзани новости