Уставниот суд ниту на наредната седница нема да расправа за Законот за СЈО

by fokus

Уставниот суд денеска го објави дневниот ред за седницата закажана за во среда, но во него повторно не е ставена иницијативата за Законот за Специјалното јавно обвинителствио (СЈО).

Дневниот ред до неодамна го правеше судијката Елена Гошева, но откако на претседателското столче седна Никола Ивановски, сега тој е надлежен за неговата содржина. Но, и тој како и својата претходничка, од за нив познати причини, не ја земаат во работа оваа иницијатива, иако е поднесена уште пред една година, а пред 4 месеци беше дадена на судија известител.

 

Уставниот суд при оценување на уставноста на законот има можност да донесе два вида одлуки: една за укинување на целиот закон или за укинување на одреден член или членови од законот, и одлука за поништување на целиот закон или за поништување одреден член или членови од законот.

ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА, на последната лидерска средба се договорија доколку Уставниот суд го укине СЈО, тие да го вратат во рок од пет дена, но тоа сега е оневозможено бидејќи Собранието е веќе распуштено. Токму затоа се инсистираше иницијативата да се разгледа пред распуштањето на Собранието, но Уставниот суд со месеци не ја ставаше иницијативата на дневен ред.

В.В.

 

Поврзани новости