Уставниот суд нема време да ги одложи изборите до 5-ти јуни

by Фокус

Премногу е краток рокот за да можат уставните судии да одлучат по иницијативата на ДУИ за оценување на одлуката за распуштање на Собранието, велат за „Мета“ извори од највисоката судска институција.

Најкраткиот рок во кој Уставниот суд донел одлука бил оценката за уставноста за измените на Законот за помилување од 2009 година, што траело еден и пол месец.

Затоа судии од Уставниот суд се сомневаат дека може што било да се направи до 5 јуни, до кога би било пожелно да се има одлука, затоа што по овој датум правно неоснована би била и иницијативата.

Инаку, денеска ДУИ поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието. Тие бараат Уставниот суд да ја оцени одлуката на Собранието за распуштање како неуставна, со што ќе му се овозможи на парламентот повторно да заседава.

Поврзани новости