Уставниот суд дозволи помилување на изборни криминалци, педофили и наркодилери

by Фокус

Уставниот суд на денешната седница ја прифати иницијативата со која на претседателот на државата му се враќа правото да помилува лица осудени за изборни измами, за педофилија и наркодилери  дознава НОВАТВ од извори блиски на Судот.

Судот расправаше на затворена седница за јавноста, без притоа да ги образложи причините за тоа. Утрово обезбедувањето на Судот не им дозволи на новинарите да влезат во зградата.

Иницијативата за укинување на измените на Законот за помилување донесени во 2009 година со кои му беше ограничено правото на претседателот за помилување на овие лица до Уставниот суд ја поднесе адвокатот од Охрид Ристо Китевски соработник во адвокатската канцеларија на Љубчо Наумовски, познат адвокат од Охрид којшто во процесот „Титаник“ покренат од Специјалното Јавно обвинителство е дел од адвокатскиот тим на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко, двајцата обвинети за изборни измами.

Поврзани новости