Уставен суд се очекува во среда да одлучува за продолжување на мандатот на градоначалниците

by fokus 10:54
10:54

Уставниот суд на Македонија во среда се очекува да одлучува дали ќе го продолжи мандатот на градоначалниците и по 15 мај поради неможноста наскоро да се организираат локални избори.

Судот, како што јави Телма, одлчува по иницијативата на Министерството за локална самоуправа и на Светскиот македонски конгрес.

- Advertisements -

Претходно ЗЕЛС го поддржа доставеното мислење од Министерството за локална самоуправа за траење на мандатите на градоначалниците и на советниците до 15 мај 2017 година. ЗЕЛС упати апел за обезбедување услови за побрзо распишување на локалните избори бидејќи во спротивно ќе настане состојба кога општините и институциите кои се под општинска надлежност: училишта, градинки, културни установи, јавни претпријатија, противпожарни единици, не ќе можат да ги извршуваат своите надлежности.

 

Поврзани новости