Уставен суд ја прифати иницијативата за помилување за изборни измами

by Фокус

Уставниот суд денеска експресно на седница ја прифати иницијативата претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.  Иницијативата поднесена од адвокат на 02 февруари помина со 5 гласа „за“ и 4 „против“.

За“ гласаа судиите Никола Ивановски, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски. Дел од судиите на почетокот на судењето побараа оваа точка да биде одложена за наредната седница, но барањето не им беше прифатено

Иницијативата следува по отворањето на случајот „Титаник“ од Специјалното обвинителство во кој осомничени се поранешните министери за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, актуелниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко и уште пет други лица.

Во 2009 имаше измени на овој Закон и со тогашните измени претседателот веќе немаше можност да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Поврзани новости