Уставен останува само со пет судии

by fokus 17:47
17:47

На уставниот судија Јован Јосифовски денеска му заврши деветгодишниот мандат, па Уставниот суд сега останува да функционира со пет судии, од вкупно девет предвидени со Уставот.

Јосифовски е избран за судија на Уставниот суд на 24 декември 2012 година, а неговиот работен однос почна на 14 јануари 2013 година.

-Судијата Јосифовски даде придонес со своето активно учество во работата на Судот и во изминатите девет години му беа доделени 228 предмети, соопшти Уставниот суд.

Веќе половина година Уставниот суд функционира со тројца судии помалку, а сега со заминувањето на Јосифовски, ќе треба да одлучува со четворица судии помалку.

Ова значи дека судот ќе може и понатаму да одржува седници, бидејќи ќе биде запазен минимумот од пет судии, но нема да може да одлучува за предмети за кои е потребно двотретинско мнозинство.

Изборот на тројца судии заглави, бидејќи е блокирана работата на собраниската Комисија за избори и именувања, откако БЕСА го напушти парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

Претседателката на Уставен, Добрила Кацарска во изјава за Фокус порача дека крајно несериозно е да се остави судот да работи помалку судии толку долго време.

Кацарска: Крајно несериозно е со месеци да не остават без судии!

Поврзани новости