Успеси за таеквондо клубот „Тигри Скопје“ на Тирана Опен

by Fokus

Борачката Мила Рељиќ демонстрираше одлична форма на Меѓународниот таеквондо турнир „Тирана опен“ во Албанија.

Таа на ова натпреварување го освои златниот медал во категоријата до 57 килограми, а воедно е прогласена и за најдобар борец кај сениорките.

Рељиќ славеше со три технички нокаути 22-2, 28-3 и во финалето 21-1. Инаку ТК Тигри на овој турнир освои уште два сребрени и еден бронзен медал, односно вкупно пет медали.

Поврзани новости