Услов за Манчестер јунајтед: Или поголема плата за Де Геа, или разделба

by fokus

Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа побара зголемување на платата до ниво на најплатениот играч во клубот за да остане на „Олд Трафорд“.

Во моментов најплатен фудбалер на Јунајтед е Алексис Санчез со 350 илјади фунти неделено.

Де Геа веќе одби една понуда во висина од 275 илјади фунти седмична плата. Покрај зголемување на платата, шпанскиот голман бара и создавање на тим конкурентен во борбата за трофеи.

Останува да се види одговорот на раководството на Манчестер Јунајтед, дали ќе ги прифати барањата на Де Геа или ќе бара негова замена за следната сезона.

Актуелниот договорот на Шпанецот со Јунајтед е со важност до крајот на сезоната.

Поврзани новости