Уште неколкумина полицајци ќе бидат суспендирани за крвавиот четврток

by fokus

Бројот на суспендирани полицијаци за крвавиот четврток во Собранието што се случи на 27 април, ќе се зголеми, неофицијално дознава Алсат М.

Досега со истрагата на внатрешната контрола суспендирани се 24 полицајци а притив 31 поведена е дисциплинска мерка. Меѓу нив се агенти на тајната полиција, припадници на единицата за брзо распоредување и полицајци на високи позиции. Заега нема суспендиран полицаец кој бил дел од оперативниот штаб кој под водство на директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, дозволи насилници да тепаат пратеници.

Досега за „крвавиот четврток“ има само девет условни казни. Две лица се осмничлени за „убиство во обид“ за бруталното претепување на пратеникот Зијадин Села.

Поврзани новости