Уште една „жртва“ на прскачот со спреј кој тргна по Груевски на вчерашниот митинг

by fokus

Во полициската станица во Центар едно лице кое било присутно на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Центар синоќа, се пожалило дека било испрскано со спреј од страна на приведениот Р.Р., кој вчера беше уапсен откако се обидел со гасен спреј во рака да се качи на сцената каде говор држел партискиот лидер, Никола Груевски.

По неговото апсење, во полициската станица се обратил 29-годишниот Д.Г. кој пријавил дека додека присуствувал на митингот бил испрскан со спреј. Според информации од полицијата, станува збор за учесник на митингот, кој стоел во непосредна близина.

Прскачот со спреј е 36-годишен скопјанец кој на мета го имал Груевски. Инцидентот се случил околу 21,55 часот кога во обидот да се качи на сцената приведениот бил запрен од обезбедувањето, по што интервенирала полицијата и го привела. Приведениот со гасен спреј за заштита прснал во правец на бината.

Поврзани новости