Уште една потврда: „Лидл“ влегува во Македонија преку Бугарија

by Fokus 11:09
11:09

По влегувањето во Словенија, Хрватска и Србија, германскиот трговски синџир „Лидл“ ќе го отвори својот прв супермаркет и во Северна Македонија, објави специјализираниот портал „Јуропеан Супермаркет Магазин“ (ЕСМ), со седиште во ирскиот главен град Даблин.

Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија“, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл“ и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.

- Advertisements -

Предвидено е „Лидл“ на стартот да инвестира 500 000 евра во земјава.

Според порталот, интересот на „Лидл“ за отворање супермаркет во земјава следи откако неговата продавница отворена во јануари во Врање, привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.

 

Поврзани новости