Уште една наставничка од Кавадарци е позитивна, 24 ученици во изолација

by Фокус

Наставничка од основно училиште од Кавадарци е позитивна на Ковид 19, по што 24 првачиња се во самоизолација, известуваат од ЦЗЈ Кавадарци. Поради тоа што наставата се одвивала во просторија одвоена од училиштето и наставничката немала контакт со останатите колеги, на никој друг од вработените не му е одредена изолација во случајов.

Денес во Кавадарци се регистрирани девет нови случаи на вирусот, на возраст од 22 до 69 години. Во ковид одделението во кавадаречката болница се хоспитализирани 25 лица, каде започна со работа и проширениот оддел.

Во Неготино пак, регистрирани се два нови случаи, лицата се на возраст од 36 и 48 години.

В.К.

Поврзани новости