Уште една кривична пријава за директорот на прилепската гимназија

by fokus

Директорот на гимназијата „Мирче Ацев” во Прилеп, Кире Николовски заработи уште една кривична пријава за политичкиот говор што им го држеше на учениците, повикувајќи ги да излезат на протест против албанската платформа.

Пријавата ја поднел родител на еден од учениците, барајќи одговорност за злоупотреба на децата за политички цели. Претходно, пријава поднесоа од СДСМ –Прилеп.

Од Министерството за образование се уште не одлучиле дали ќе се преземат дисциплински мерки против директорот Николовски.

Вчера родителите на децата протестираа во школскиот двор и побараа оставка и одговорност.  Остри реакции имаше и од граѓанскиот сектор и од Народниот правобранител кои ја осудија постапката на директорот и од институциите побараа да се преземат сите потребни мерки.

Поврзани новости