Уште еден приведен за предизвикување на пожар

by fokus

Во врска со пожарот во гостиварското село Добридол кој е локализиран, полицијата синоќа го лишила од слобода Н.Б.(34) од истото село, поради основано сомнение дека го предизвикал пожарот.

Ова, како што истакнуваат од Министерството за внатрешни работи, е петто приведено лице во врска со сомненија за предизвикување пожар во последниве три дена.

Во текот на денешниот ден, беа приведени по едно лице за пожарите во прилепско и радовишко, вчера за пожар во ресенско, а завчера и албански државјанин за пожарот над Пожаране, Општина Врапчиште.

Во меѓувреме, полициски службеници постапуваат и во врска со двете осомничени лица за пожарот кај Блаце и во координација со Јавен обвинител за пожарот кај Старо Нагоричане.

Поврзани новости