Уште еден починат пациент и 28 новозаразени од корона од направени 660 теста

by Fokus
Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 излекувани пациенти. Од нив 6 пациенти од болничко лекување и 42 кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Куманово -1, Битола -1, Скопје-19, Тетово -16, Штип – 1, Радовиш -4.

Во ГОБ „8 сетпември“ почина пациент од Скопје на 51 годишна возраст, примен во болницата на 9 април во тешка состојба и веднаш поставен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа потврдени се 28 нови случаи на ковид-19. По градови: Скопје -11, Куманово -2, Прилеп -9, Тетово -2, Велес -3 и Валандово -1. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1259 , а последната дистрибуција по градови е:

    Скопје – 422
    Куманово – 342
    Дебар – 51
    Штип-34
    Прилеп –126
    Тетово – 62
    Струга – 55
    Велес – 62
    Битола –17
    Охрид –15
    Кавадарци – 4
    Гостивар –13
    Гевгелија – 4
    Струмица – 2
    Крива Паланка-4
    Радовиш – 4
    Крушево – 3
    Кочани – 28
    Пробиштип – 2
    Кичево – 2
    Неготино -2
    Демир Хисар – 1
    Македонски Брод -2
    Пехчево- 1
    Валандово -1

Во изминатото деноноќие направени се 660 теста. Преку ИЈЗ –417, преку Ветеринарен ф-тет -14, Авицена –11, Биотек –46, Филип Втори (Жан Митрев) –141  и Систина со PCR метода  -31.  Досега во земјата се направени вкупно 13000 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 7, а хоспитализирани се вкупно 63 пациенти. Од нив 21 на кислородна поддршка и 4 на механичка вентилација.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 43 пациенти. Со потешка клиничка слика се 8, а на респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 10 пациенти, а на домашно лекување се следат 14. Во моментов во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат уште 19.

Поврзани новости