Уште двајца здравствени работници од Кавадарци заразени со Ковид-19

by fokus

Уште двајца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на Ковид-19, потврди за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Тој појасни дека во изминатите 24 часа, евидентирани се нови 38 случаи позитивни на коронавирус во тиквешкиот регион.

Од Кавадарци 24, 11 од Неготино, два случаја од Демир Капија и еден од Росоман. Сите се на возраст од 12 до 82 години. Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел нивна изолација.

Поврзани новости