Уште двајца пациенти ја изгубија битката со Ковид-19, на возраст од 53 и 60 години

by fokus 13:26
13:26

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови 164 заболени од Ковид-19, а регистрирани се и двајца починати. Починатите се пациенти од Скопје и Тетово.

-Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

- Advertisements -

Вкупниот број на починати се искачи на 171.

Поврзани новости